Пред една година, се случи првиот Telethon во Црна Гора. Telethon е ТВ-шоу со добротворен карактер, каде што јавноста има можност да зборува на телефон со своите омилени познати личности. Сите средства собрани за време на шоуто беа донирани на децата кои имале рак.

Повеќе од 100 личности учествуваа во првиот телетон во Црна Гора , што се одржа на 15 февруари 2017 година. Актерот Петар Стругар, пејачката Кнез и музичката група Who See се само дел од луѓето кои одговараат на повици од гледачите.

Со јавување на хуманитрниот број, граѓаните имаат можност да разговараат со некоја позната личност, а разговорот се наплаќа 1 евро од минута

По една година и неколку месеци, собраните средства од Телетон сега се ставени во употреба. Ева Велимировиќ која има четири години е првата на која и се донирани средствата. Ева сега може да отпатува во Франција и да оди на операција на мозочен тумор, кој е дијагностициран во 2015 година.