Присутните во Приштина беа сведоци на невообичаена глетка на 17-ти декември 2017-та година - голема група Дедо Мразовци, со броеви на градите се собраа и трчаа мини маратон и покрај студеното зимско време, имаа добра причина за загревање - тоа што им помагаат на семејства кои имаат потреба.
Непрофитната организација наречена Projekti 5 Cent (5 центи Проекти) беше зад невообичаената трка која сега станува традиција со мото Стани Дедо Мраз и донеси радост на социјално загрозени семејства. Целта на проектот беше да им се помогне на социјално загрозени семејства со собирање на пари од продажбата на дедо мразовска облека на плоштадот Захир Пајазити во месецот кога се случува настанот.
Минатата година продажбата на дедо мразовска облека им помогна на 60 семејства кои имаат потреба од Косово, но оваа година иако настанот се случува само по втор пат, резултатите се воодушевувачки: храна и подароци им беа доделени на околу 350 семејства кои имаат потреба од 7 градови во Косово.
Проектот беше поддржан од многу донатори - додека цената на облеката беше 10 EUR, купувачите исто така беа во можност да донираат повеќе од симболичната цена на облеката, која беше наменета да се носи за време на трката, и така дојде со почетна бројка за маратонот.
Интересно е тоа што на дедомразовскиот маратон се придружи и група тркачи на албанското крајбрежје - вработените во НЛБ Банка во Косово, кој беше поддржувач на настанот и однапред имаше купено облека, но не можеше да присуствува на настанот во Приштина, организираше трка и трчаше во знак на поддршка на кампањата и другите дедо мразовци. На трката во Приштина им се придружија и организаторите и поддржувачите на кампањата You are a Sunflower, уште една одлична иницијатива во Косово, покажувајќи добри односи меѓу двете непрофитни организации.
Извор: https://gogetfunding.com