Освен дегустација на вкусно вино, посетителите на овогодинешниот Фестивал на младо вино Тиквеш, исто така, имаа можност да донираат пари за да се отвори бесплатна музичка и уметничка школа за деца изложени на социјален ризик.
Фестивалот се одржа по 9-ти пат во Кавадарци, а по многу успешна година - беше собрано рекорд од 28.000.000 килограми грозје, воведено е ново вино, а компанијата ја прошири својата деловна активност и во Франција со купување на винарска визба таму .
Како дел од програмата за социјална одговорност, Тиквеш го искористи фестивалот за да ги охрабри посетителите да донираат за социјална важност и како награда ќе добијат шише вино. Вкупната донација од оваа година изнесуваше 2.483 евра (154.000 денари), а финансиската поддршка беше наменета за специјалната иницијатива која е дел од проектот на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“
Здружението е организација која ја водат граѓани кои волонтираат и вложуваат напори за создавање на подобро општество за сите. Некои од нивните напори вклучуваат активности поврзани со поддршка на социјално ранливите групи, промовирање на здрав начин на живот и заштита на животната средина, подигнување на свеста за одредени теми, настани поврзани со културата, спортот, уметноста и развивање на општествена одговорност со поединци и бизниси.
Најновиот проект под наслов Гитари, дирки и свирки е за отворање музичко и уметничко училиште за деца од загрозени средини. Има неколку иницијативи кои имаат за цел да ги обезбедат најважнините работи за овие деца, како што се храна, производи за хигиена и училишна опрема, но мал број од нив се со цел да им помогнат на децата да развијат добри вештини, како што е свирење на инструмент или сликарство.
Ова, се разбира, има голема значајност, имајќи во предвид дека ангажирањето со уметноста е докажано како корисно за емоционалниот и интелектуалниот развој на децата.
Училишниот проект е нов оваа година, но со членовите на здружението кои постојано бараат поддршка од сограѓани и организација, училиштето треба да се отвори во 2019 година.
Извор: makmoda.com