Аган Хоџиќ, Канаѓанец роден во Босна и Херцеговина, остави 511.000 EUR за три народни кујни во неговата родна земја.

За време на неговиот живот, работел на различни работни места и одлучил да донира дел од заработениот капитал на оние на кои им е најпотребно. Неговиот внук посочува дека за време на неговиот живот, Аган секогаш им помагал на своето семејство и на сиромашните: "Кога видел дека луѓето во Босна и Херцеговина живеат лошо, колку има гладни луѓе, немоќни, дека луѓето се невработени а нормално мораат да јадат, неговиот мотив првенствено бил да ги нахрани гладните ".

Народната кујна "Стари Град" е една од трите хуманитарни организации што ќе ја добијат оваа донација. Над 1.000 корисници секојдневно доаѓаат во оваа кујна, а оваа донација ќе им помогне да обезбедат доволно основни прехрамбени производи за цела година.