Светскиот ден на бегалците се одбележува на 20 јуни. По тој повод, на 14 јуни, во Белград се одржа невообичаена презентација на театарската претстава "Пепелашка". Бегалци од засолништето во Кикинда ја спремија и одиграа оваа претстава, комплетно на српски јазик.
Ова е втора претстава по ред подготвена од децата-бегалци. Премиерата на Пепелашка беше во мај оваа година, во Националниот театар Кикинда, со повеќе од 400 луѓе во публиката. Малите актери го подготвија ова дело со несебичната помош на едукаторите од организацијата на СОС Детските Села. Претставата е направена како дел од програмата "Солидарност", која СОС Детските Села ја започнаа во 2015 година.
Како изјави Весна Мраковиќ-Јокановиќ, националниот директор на СОС Детските села: "Ова е убав начин да се одбележи Светскиот ден на бегалците, но исто така потсетник дека секое дете има вистински моменти на радост и среќно детство".
СОС Детското село нуди помош во 12 од вкупно 18 засолништа. Тие обезбедуваат храна, хигиенски производи, психо-социјална и образовна поддршка за децата-бегалци и нивните семејства.
Извор: http://www.sos-decijasela.rs