Претставниците на компанијата добија награда која ја призна кампањата на Бамби за 2017-та година, наречена Бамби караван, проект кој беше започнат со цел да се одбележи 50-годишнината на компанијата.
Преку кампањата, 6 центри за деца кои живеат без родителска грижа во Белград и Крушевац, кои во моментов се грижат за 200 млади, беа снабдени со 500 килограми производи од Бамби.
Немања Брковиќ, менаџер за односи со јавноста на Бамби, истакна дека "... се гордеат со оваа награда, и сигурно ќе биде поттик да продолжи ширењето на духот на единство и љубезност во локалните заедници низ целата земја во иднина".
Оваа награда е една од најзначајните признанија во областа на филантропијата, доделена од Форумот за одговорен бизнис и Smart Kolektiv, а беше дизајнирана да ги поддржи програмите за волонтирање на вработените. Наградата беше формирана во 2011-та година, во соработка со меѓународни партнери CSR Europe и BITC (Бизнис во заедницата), кои ја промовираат корпоративната одговорност.
Извор: http://www.danas.rs/