На крајот од минатата година, анонимен донатор "Pine" од таканаречениот Pineapple Fund објави на својата веб-страница повик за организации, на кој беа обезбедени вкупно 86 милиони долари (што е еквивалентно на 5.000 биткоини). Лицето зад оваа фондација, која сака да остане анонимно, се стекнало со богатство преку криптовалутите.

Овој повик бил објавен во декември 2017-та година за организации кои имаат потреба од средства за истражувања или проекти. До денес, повеќе од 55 милиони долари се донирани на 60 организации, како што е Мултидисциплинарната асоцијација за психоделични студии, која спроведува истражување со MDMA (компонента на екстази) за луѓе со посттрауматски нарушувања и проектот за вода, кој има за цел да обезбеди чиста вода во субсахарска Африка.

Слоганот на Pineapple Fund е "Кога имате доволно пари, парите не се повеќе важни". До ден-денес, Pine останува анонимен. Како што вели тој, подобро е луѓето да мислат дека имате средства за добар живот, а не дека сте екстремно богати. А зборувајќи за името на фондацијата - Pine само сака да јаде ананас.