BELhospice го организираа 8миот хуманитарен бал „Да се поврземе за оние на кои што им сме потребни“ на 25ти ноември во Hyatt Regency Hotel. Беа собрани 134.000 EUR за работата на BELhospice и за градење на првиот болнички хоспис во Србија.

На балот присуствуваа околу 350 функционери, претставници на дипломатскиот кор, корпорации и јавни личности кои донираа средства со купување на билети и учество во аукции. Гостите имаа можност да уживаат во настапите на студентите на Академијата за уметности а беа доделени и BELhospice Шампион наградите за компании и поединци кои дале посебен придонес за работата на BELhospice во претходната година.
Во ноември 2015та година BELhospice започна голема кампања за основање на првиот болнички хоспис во Србија. Според достапните податоци, во болниците умираат 33,4%, додека за другите, нема релевантни статистички податоци. Овие "скриени пациенти" се едно од проблемите на општеството. Многу малку од нив имаат пристап до специјалистичка палијативна нега. Во Белград како и во остатокот на Србија, се уште не постои ниту еден специјалистички болнички хоспис кој ќе обезбедува мулти-дисциплинарна палијативна нега на смртно болни пациенти заболени од рак и нивните семејства.

Овој хоспис ќе обезбеди највисоко ниво на услуги на палијативна нега за пациенти заболени од рак целосно бесплатно, како и едукација на волонтери и специјалисти (лекари, медицински сестри, социјални работници, психолози) во областа на палијативната нега.