Неформалната група Женски солидарен фронт се формираше спонтано кога група мотивирани жени почувствуваа потреба и обврска да одговорат на последиците од пандемијата што ја претрпе нивната локална заедница во Врање. Тие дојдоа до идејата да организираат голем хуманитарен бал и базар со цел да се соберат пари за децата чии родители починале од Ковид-19.
Иницијативата собра голем број успешни жени од Врање и беше поддржана од Центарот за медиумска транспарентност и општествена одговорност (ЦМТДО). Како резултат на тоа, за само две недели и со поддршка на заедницата, до 20ти август, беа собрани вкупно 600.000 динари (5.000 ЕУР) и беа обезбедени 26 директни донации за помош на децата кои изгубиле еден или двајцата родители од почетокот на пандемијата.
Покрај оваа голема иницијатива во август, добротворните жени од Врање и помагаа на својата заедница и во текот на пандемиската 2020 година со собирање околу 3 милиони динари (25.500 ЕУР) за поддршка на здравствениот систем, со помош на добри и одговорни сограѓани.
Милица Анѓелковиќ Јовановиќ, која сакаше да им помогне на децата од Врање и да ја активира својата заедница, направи само еден статус на Фејсбук и лансираше синџир на поддршка во кој беа ангажирани стотици жени кои сакаа да придонесат во хуманитарната иницијатива. Денеска, оваа неформална група брои повеќе од 700 членови, меѓу кои и неколку мажи кои се приклучија неодамна, бидејќи тоа што членството е исклучиво за жени беше критикувано од мажите на почетокот, како што истакнува Милица.
Во интервјуто, Милица зборува за моќта на заедницата во околностите кои не дочекаа сите целосно неподготвени. Таа ни раскажа за нивните мотиви да се соберат и да им помогнат на децата и семејствата, за пречките со кои морале да се соочат и за тоа како еден добротворен бал во август 2021 година ги обединил граѓаните на Врање во заедничка кауза.