Проект Среќа работи на подобрување на квалитетот на животот, создавање можности за образование за деца и млади во Македонија. Од 2015-та година, признати се како синоним за среќа на децата, синоним за транспарентна и наградувачка работа, градење филантропско и хумано општество што генерира можности за деца од социјален ризик, фокусирајќи се на деца кои живеат во сиромаштија и деца од рурални области.
Во интервјуто со Кристина Арнаудова Петровски - претседател и основач на Проект Среќа, откриваме сè за работата на организацијата, за успесите и предизвиците.
Како е основано вашето здружение? Што се смени од почетокот до денес?
Кристина: Со хуманитарна работа се бавев од кога знам за себе, се приклучував кон иницијативи, основав иницијативи, покренувава големи акции за собирање средства за болни деца, во еден период од мојот живот едната соба и целиот ходник во нашата зграда беше преполн со нешта за донација, алишта, санитарии, храна, кои на неделно ниво ги спремам и заедно со Вистински дела на Љубезност ги носевме кај загрозени семејства со деца...
Во одреден момент сфатив дека треба да основам моја организација, бидејки имав одлични идеи на каков се начин моѓе да им се подобри животот на децата во социјален ризик, и да имаат поклватитено образование, подобро исполнето време, повеќе вештини, и да ги тргнеме од нивното тешко и траорно секојдневие. Така на 31.12.2015 го основав здружението за хумано-општествен развој Проект Среќа. Најпрво немав појма за работа во граѓански сектор, малку лутав со проекти, и истражував, секој ден за мене беше школо...
Најмногу се мачев со прибирање на средтсва за работа. Никој не сака да инвестира во ново здружение....Првите две години беа тешки, иако и во тие години работевме на еден куп проекти, кои иако немаа финансиска поддршка од никого, сакав да ги сработам и да покажам колкава разлика ние како Проект Среќа моѓеме да направиме, и на колку квалитетни проекти работиме. Тоа по некое време вроди со плод. Ја здобивме довербата на компаниите, на граѓаните, на институциите. Во првите две години работев сама, бидејќи немав буџет да вработам некого. 2017 година дојде и првиот вработен во Проект Среќа, Благица Ристов која е моја десна рака, а 2018 дојде и третиот вработен во Проект Среќа, Бојана Мандевска. Верувале или не, ние сме само три. Имаме и една активна волонтерка која се бави најмногу со донации на алишта, Марија, и тоа е тоа. Од страна личи како да сме огромен број на луѓе, но не, ние 4 работиме се сами.
Проектите се развиваа и растеа, и добија своја конкретна визија и цел, а тоа се проекти кои го подобруваат клвалитетот на живеење на децата во социјален ризик, овозможувајќи им простам до подобро образование, неформално образование, културни настани, изучување на уметности, музика, драма, забава, моменти за паметње...
Која беше вашата мотивација да работите во граѓанскиот сектор?
Кристина: Сметам дека од положба на граѓански сектор можам најмногу проемни да направам во општеството, неоптеретена со политика и притисоци, услови и стеги. Мојата идеја да ја развивам како што сметам дека е најдобро за децата а не само за потребите на државата.
Сакав Проект Среќа да помогне и да создаде едно филантропско општество, и да ги едуцира граѓаните на една филантропија која не е само сезонска и понекогаш, туку е дел од секојдневниот живот. Денес можам гордо да кажам дека сме на добар пат, и нашите социјалени мрежи се лидери во комуникација со граѓаните и прибирање и мотивирање на донации, со над 12 000 000 денари во донации годишно, директно кон корисниците.
Како кризата КОВИД-19 влијаеше на работата на организацијата? Колку се смени начинот на работење? На кои активности бевте сконцентрирани периодов?
Кристина: Кризата имаше големо влијание врз нашата работа, од една страна донациите кон нашето здружение наменети за одржување и потребите на здружението се намалија за 70 посто, а од друга страна потребите на граѓаните за помош, особено храна, средства за хигиена, дрва, струја се зголемија за 300 посто. Балансиравме и решивме и покрај кризата да успееме да ги задоволиме потребите на граѓаните.
Најмногу работевме од дома, иако нашата работа и е голем дел и на терен, но затоа се организиравме со карго кои ги земаа пакетите и ги доставуваа бесплатно низ цела Македонија. Не ја знам точната бројка на поделена помош но надминува 3000 семејства на кои им помогнавме во оваа тешка 2020 година. Најголема потреба имаше за лао топи комјутери и интренет за да децата во социјелн ризик, кои немаа ништо од тоа можеа да следат настава. Обезбедивме околу 200 уреди заедно со донатори и со иницијативата #ДонирајКомјутер , како и интернет за 30 семејства дониран од општествено одговорни компании.
Се на се, годината ја завршивме многу успешно, особено со новогодипната акција ,,Храна за секое семејство за празниците,, каде секое семејство кое ќе се пријави, донираше пакет храна и средства за хигиена на друго семејство кое има потреба од тоа. Огромен број на донатори и огромен број на срекни семејства...
На кои активности сте најмногу фокусирани во овој момент?
Кристина: Фокусирани сме на барање идеални начини за реализација на проектите, кои заради корона кризата се работат со нови протоколи, исто така се трудиме да ги вратиме претхдните компании донатори, како би можеле да преживееме, работиме и на нови концепти за децата во социјален ризик, како би добиле се што е потребно во ова ковид време, а најмногу сме фокусирани на проектот ,,Проект Куќа,, каде градиме домови за семејства со деца кои живеат во многу тешки услови.
Како се финансира вашата асоцијација/фондација/организација? Со кои типови на донатори соработувате најмногу и како? Како може некој да ја поддржи вашата работа?
Кристина: Се финансираме комбинирано, имаме концепт кој се вика : Компании пријатели, кои секоја година донираат одредена сума за здружението, потоа се финансираме преку повици на општините и институциите, се финансираме реку приватни донации конкретно наменети за одреден проект од физички лица...
Најголем број од донациите се материјални добра, храна, облека, комјутери, потоа се финасии, со кои се покриваат техничките трошоци на здружението, вработените, канцеларијата...
Инсистирам на тоа најмногу да работиме со компаниите, и дека не треба да чекаме се од држават, туку да покажеме дека и ние нешто можем да направиме за државата без притоа да ја молиме за помош. Тоа во Македонија е тешко, овој мој концепт е тежок за реализација, бидејки компаниите донираат ретко и мали суми, но затоа сме тука, да се бориме секој ден за подобро...
Како вашата организација придонесува за развој на филантропијата во Македонија?
Кристина: На дела, а не зборови! Тоа веќе го споменав и претходно. Кога ние заочнавме филантропијата беше скоро непознат збор. Секојдневна мотивација, работа, зборување, и работа на терен, за да видат сите дека се работи вистински, а не само да се зборува, на некакви семинари, предавња, и курсеви! Луѓето сакаат да ја видат филантропијата на дело. Тоа најмногу ги инспирира. Секој од нас моѓе да направи нешто, не е важно дали тоа е малку, или многу, важно е дека се прави, и дека се може!
Дали соработувате со други граѓански организации? Можете ли да ми кажете повеќе за тоа?
Кристина: Соработуваме со скоро сите, Со Хопс каде децата од Хопс се наши драги посетители на настани и кампови, потоа со Вистински дела на Љубезност, Свети Спас, Дневен центар за деца од улица ,,Шуто оризари,, моите омилени деца засекогаш, со кои дури и снимивме новогодишна песна минатата година....Со Прв семеен центар, каде ги испраќаме мајките и децата жртви на семејно насилство...
Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате?
Кристина: Финансирањето.
Што сметате дека е вашиот најголем успех и што е следно?
Кристина: Ние сме првите кои ги ставивме сите деца во социјелн ризик во една група,без поделби дали се роми, дали се албанци, дали се од еднородителски семејства, дали се без родители, дали живеат во конвенционални смемејства, и со сите работиме еднакво. Ги нарековме ,,деца со помалку можности,,. Тоа е успех.
Го отворивме првотот бесплатно детско драмско студио за деца со помалку можности ,,Неверленд,,
Го отворивме првото бесплатно музичко училиште за деца со помалку можности ,,Гитари дирки и Свирки,, каде децата учат гитара и клавир и се дружат....
Ја направивме првата конференција за деца со помалку моѓости во Европа ,,Самит на Детски желби,,
Децата ни веруваат, родителите ни веруваат, а најважно донаторите ни веруваат. Ја обожаваат нашата транспарентност, и затоа секогаш кога ќе се спомне донација за деца, прва асоцијација е Проект Среќа.
Нема поголем успех од тоа.
И сето тоа направено од три девојки.
Leave a comment