Super bake (Супер бабички) е иницијатива чија цел е да им помогне на дамите во пензија да добијат сопствена самоодржлива продавница за слатки, каде што можат да ги споделат своите рецепти, да печат вкусни колачи, да поминат време со луѓе и да добијат екстра приход.

Бабите им се омилени на сите, нели?

Сега, замислете да имате топло место каде што можете да јадете традиционални колачи и слатки од баба и истовремено да поддржувате голем проект за социјално претпријатие. Ако ги поддржите Super Bake во следните 5 дена, ова место ќе оживее во пролет во 2018-та година.

Им преостанаа уште малку средства да соберат за да ја достигнат целта од 5.000 USD. Парите ќе бидат искористени за да се обезбеди кујна за нив и да се создаде совршена средина за да се збогати нивниот друштвен живот, да им се обезбеди дополнителен приход и да се направат среќни сите љубители на слатки.

Приклучи се на овој проект на заедницата на нивната страница Indiegogo и добијте еден од неверојатните подароци за вашата донација!