ТОКА е организација која работи на забрзување на промените во Косово, инвестирајќи во младината. Ова лето, тие организираат летни кампови за млади со непривилегирано потекло. Со цел да им се овозможи да учествуваат во овој проект, на ТОКА и треба вашата поддршка за да се соберат средства за стипендии во Летниот камп.

Летните кампови имаат влијание врз големи групи на млади луѓе и им даваат шанса да видат нови работи и да учат од искуство. Тие комбинираат  забава со учење преку програми кои вклучуваат едукација за екологијата, лидерски активности и служба во заедницата. Во последните три години, ТОКА успеа да им помогне на повеќе од 10.000 млади луѓе од Косово, фокусирајќи се на оние кои имаат многу мали шанси да имаат подобар живот од нивните родители.

Поддржувајќи го овој проект, ќе им помогнете на младите од руралните средини и лошите социо-економски услови, да запознаат луѓе од различно потекло и да го развиваат својот потенцијал преку тимски активности. Младите луѓе кои учествуваат во летните кампови се охрабруваат да се предизвикаат себе во рамките на безбедниот логорски амбиент, а по извонредната недела ќе излезат со нови пријатели и нови вештини.

Можете да ја видите кампањата и да донирате со кликнување на линкот.