Граѓаните и компаниите во Северна Македонија донираa 2,522,388 милиони евра за општото добро во 2021 година, покажува истражувањето „Северна Македонија Донира 2021“, обезбедено од Каталист Балканс и ХОРУС.
Истите податоци покажуваат дека корпоративниот сектор бил примарен тип на донатори во однос на зачестеноста и интензитетот на донирањето.
Споредено со претходната година, има намалување на зачестеноста и интензитетот на донирање. Сепак, евидентираната донирана сума е поголема отколку во годините пред пандемијата, изјави Вук Вуковиќ, менаџер за истражување и анализа.
Институциите и локалната/народната власт беа примарните канали за донирање. Донациите насочени кон државата беа главно за здравствени цели, додека непрофитните организации останаа примарен примател на поддршка за маргинализираните групи, покажуваат податоците на Каталист Балканс.
Што се однесува до медиумското известување за филантропија и дарување во Северна Македонија, ситуацијата е многу интересна – дури 97% од медиумските извештаи на оваа тема доаѓаат од веб и онлајн медиуми. За разлика од нив, процентот на известувања од електронски и печатени медиуми е прилично мал, објасни Бранко Дозуковски, извршен директор на ХОРУС.
Нашите податоци покажуваат дека филантропијата е на предпандемиско ниво, но донираната сума е меѓу најниските во регионот. Донираната сума по жител беше 1,2 евра, додаде Маја Глигориќ, службеник за истражување и аналитика во Каталист Балканс.
Дијаспората одигра важна улога во филантропскиот екосистем во 2021 година – повеќе од 700,000 евра беа донирани од дијаспората. Дарувањето било најчесто во Скопје, и најчесто во декември.
Повеќе информации за состојбата на филантропијата во Северна Македонија во 2021 година се достапни на линкот.
Leave a comment