Непрофитниот сектор во Западен Балкан се соочува со големи предизвици. Во тек е голема промена - странските донатори, врз кои се потпира целиот сектор, го напуштаат регионот и одат таму каде што им е потребна помош повеќе. Тоа создава нови проблеми, не само во прибирањето на финансиски средства.
Сакате да организирате активност во локалната заедница, но во моментот нема отворени повици? Организирате настан кој знае по кој пат, но сеуште имате чувство како да го правите тоа во брзање поради ограничени ресурси? Добивте апликација за вашиот семинар, но не можете да се сетите дали апликантот е ваш алумни, волонтер или донатор?
Работата на непрофитните организации е далеку од едноставна. Без пари и подобра организација, нивните програми се во прашање, добивањето помош за крајните корисници е потешко, а нивната работа има помалку ефекти.
Што можеме да сториме за да се прилагодиме на новите околности и да овозможиме непрофитниот сектор да го достигне својот полн потенцијал во 21-от век?
Новите технологии не се само за бизниси. На глобално ниво, 67% од непрофитните организации примаат донации онлајн. Многу непрофитни кампањи успеаја благодарејќи на crowdfunding платформите. Дури 98% од организациите кои користат софтвер за прибирање финансиски средства или CRM софтвер велат дека тоа имало позитивно влијание врз нивната работа. Можете да најдете повеќе за тоа како непрофитните организации во светот користат нови технологии во овој извештај.
Непрофитните организации во Србија користат технологија во својата работа, но на прилично основно ниво. Најчесто ова се бесконечни, тешки на изглед Excel табели со сите контакти и листи на учесници од различни настани, Gmail профил и веројатно страница на Фејсбук. Голем број организации користат Google Drive и Dropbox да соработуваат и зачувуваат документи, а само мал дел од нив користат Mailchimp и слични услуги за испраќање.
Време е за следниот чекор.
Фондацијата Catalyst разви 3 онлајн алатки за непрофитните организации, кои ќе го олеснат прибирањето финансиски средства, донесување одлуки, планирањето и ангажирањето во заедницата.
Без разлика дали сте голема организација која вработува голем број на луѓе и има значителен буџет или доброволно организирате локални кампањи, овие алатки ќе ја подобрат вашата работа и ќе ви помогнат да бидете поефикасни и да привлечете повеќе средства.
Податоци за зајакнување на општо добро - Giving Balkans
Giving Balkans е база на податоци и апликација која ви дава поголема слика за донациите во Западен Балкан. Практично тоа е деловна интелигенција, само за филантропијата, а сите податоци се презентирани во едноставни и интерактивни визуализации.
Откако беше формирана во 2013-та година, Catalyst ги следи и ги евидентира сите филантропски дарувања во земјите од регионот - Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Македонија. Во земјите каде што овие податоци се отворени, сите донации лесно се следат преку финансиски извештаи, така што организациите како Catalyst го автоматизираат тој процес. На Балканот тоа не е можно. Така ќе биде се додека националните деловни регистри не го подобрат квалитетот на нивните податоци, правејќи ги достапни во отворен, машино-читлив формат.
Наместо тоа - создаваме независна алтернатива. Giving Balkans е придонес за саморегулирање на непрофитниот сектор и зголемување на нивото на доверба меѓу донаторите и непрофитните организации. Ние внимателно го следиме клипирањето на печатот во целиот регион и директно контактираме со непрофитните организации и донатори, а врз основа на тоа ја градиме нашата база на податоци.
Бидејќи е невозможно медиумите да ги следат сите донации, оваа методологија има свои граници, но во моментот тоа е единствениот релевантен показател, врз основа на кој се прават годишни извештаи со проценети вкупни вредности.
Во апликацијата Giving Balkans, ќе ги најдете одговорите на прашањата кој донира, на кого, колку, зошто, каде и кога донациите се случуваат. Со објавувањето на овие податоци, сакаме да создадеме отворена филантропска заедница во регионот и да изградиме доверба меѓу сите вклучени.
За да пристапите на апликацијата, треба да се регистрирате. Можете да го направите тоа како поединец или организација. Пристапот на основно ниво е слободен за секого.
По регистрирањето, апликацијата автоматски ќе се отвори со упатство за употреба. Тоа е едноставно.
Во левата страна на менито, ќе најдете 7 табови:
- Database содржи основни податоци за Giving Balkans и прирачник за упатства,
- Scope е општ преглед на донирањето во секоја земја помеѓу јануари 2015-та година и денес, и тоа е првиот филтер во кој ја избирате земјата и годината,
- Donors се филтер што ќе го користите за да го изберете типот на донатор и видот на донацијата,
- Beneficiaries ви дозволуваат да изберете тип на корисник,
- Во табот Donations можете да ја изберете причината за донација за која сте заинтересирани,
- Details ги филтрираат општините и ви овозможуваат да ги експортирате податоците во машински читлив формат,
- и CiviGraph е една од најинтересните алатки која ги покажува директните односи меѓу донаторите и корисниците.
Како да го искористите Giving Balkans со својот целосен потенцијал?
Да речеме дека ние сме здружение кое се занимава со прашањата за пристапност во Бачка Паланка (Србија) и дека бараме донација од компанија за нашиот проект.
Кога ќе се најавиме и ќе пристапиме до апликацијата, под табот опсег, ќе ги одбереме сите 3 години (2015-2017) како посакуван временски период, бидејќи ние сме заинтересирани за целиот период. Со табот "Донатори", ќе ги избереме компаниите како донатори (корпоративни), а засега можеме да ги прескокнеме табовите Употреба на донација и Дијаспора. Во табот "Корисници" ќе одбереме само непрофитни организации како приматели. Бидејќи бараме да најдеме донатор во областа на пристапноста, како цел на донацијата ќе ја избереме Поддршка на маргинализирани групи. Единственото нешто што треба да го сториме сега е избирање на Бачка Паланка како избрана општина под последниот таб (Детали), а автоматски ќе добиеме табеларна листа со која ќе се прикаже листата на компании кои во изминатите 3 години донирале за непрофитни организации во Бачка Паланка кои ги поддржуваат маргинализираните групи. Исто така, би било корисно да ги проверите резултатите и за соседните градови.
Ако сакаме, во следниот чекор ќе можеме да избереме некои од тие компании и да ги видиме нивните други врски - за кои други организации, исто така донирале.
На овој начин ние ги правиме видливи добрите дела направени од страна на донаторите и непрофитните организации, а вие можете тоа да ги мултициплирате добрите дела со вашата работа.
Без разлика дали сте здружение во потрага по нови донатори, компанија која ја развива својата стратегија за ООП или новинар кој пишува за филантропијата - со Giving Balkans ќе имате подобро разбирање за состојбата на филантропијата на Балканот и ќе донесувате подобри одлуки и планови за вашата организација.
Во моментов базата на податоци ги содржи податоците од Србија, а до крајот на годината ќе бидат ажурирани со податоци од Косово и од Албанија. На почетокот на 2018-та година ќе ги објавиме податоците за Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија.
Во овој момент, целата содржина е достапна на англиски и на српски јазик. До крајот на годината таа ќе биде преведена на албански и на други јазици во регионот на почетокот на 2018-та година.
Нема повеќе бескрајни табеларни пресметки и здодевни пораки - CiviCatalyst
CiviCatalyst е CRM платформа за непрофитни организации на српски јазик, која што го олеснува менаџирањето со контактите, организирањето на настани и испраќањето информативни билтени.
Мммм, CRM платформа?
Знаете како кога ќе го повикате контакт центарот на вашиот мобилен оператор да се пожалите за вашата сметка повторно дека е повисока отколку што треба да биде, секој што ќе ви одговори на телефонот ги знае сите информации за вас и вашите интеракции со нивната компанија - кога последен пат сте ги повикале, колку долго сте нивни клиент, колку трошите на интернет итн. Тоа е можно затоа што ги чуваат сите тие податоци на едно место наречено софтвер за управување со односи со клиентите, исто така познат како CRM.
Во непрофитниот свет, овој софтвер се нарекува конститутивен менаџмент на врски и се користи за градење на посилни односи со вашата заедница, крајните корисници и донаторите. Најпознат и најфлексибилен CRM со отворен код за непрофитна цел е CiviCRM, кој исто така е основа на CiviCatalyst.
CiviCatalyst овозможува да ги зачувате сите ваши податоци во еден безбеден и лесно достапен простор, наместо во бројни неуредни Excel табели или уште полошо - во различни папки.
Всушност CiviCatalyst нуди многу повеќе од тоа - ги заменува другите алатки кои најверојатно ги користите, или размислувате да ги користите во вашата организација.
Не само што ќе ги чувате сите податоци за важните контакти многу полесно, исто така ќе можете да комуницирате со нив преку создавање на групни маилови и редовно испраќање на билтен. Практично, тој нуди карактеристики на Mailchimp, на српски јазик, заедно со другите карактеристики на CiviCatalyst.
Покрај тоа, испраќањето на маилови преку CiviCatalyst е омилена карактеристика на нас во Catalyst. Со него лесно можете да дизајнирате модерен билтен и да следите кој го отворил, на кои линкови кликнал и така натаму. Кога се префрливме на него од нашиот стар билтен, промената беше многу добро прифатена од нашите читатели.
Друга особено важна карактеристика е управувањето со настани и регистрација. Едноставно како креирање на фејсбук настан, можете да направите еден во CiviCatalyst. Ако регистрацијата е задолжителна, наместо комбинирање на Фејсбук и Google формулари, можете да го направите сето тоа во CiviCatalyst и на крај брзо да испратите линк за настанот и формуларот за регистрација на вашата мејлинг листа. На тој начин секогаш можете да имате прецизен преглед на тоа кој од вашите донатори присуствувал на тој настан.
Освен овие функции, можете исто така да управувате со членовите, да чувате евиденција за членарина, да ги следите фреквенциите и износите на донации, да ги организирате вашите волонтери итн.
Можете да го проверите тоа во видео-објаснувачот или во нашето инструкциско видео (двете и на српски јазик).
"Карактеристиките се одлични, но сето тоа трае многу ресурси и време, и токму сега се брзаме и не сме подготвени да спроведеме такво решение", некои би можеле да речат.
Да, никој нема доволно време и сите се брзаат. Тoa беше и Catalyst пред 2 години кога почнавме да го користиме CiviCRM. Со само неколку луѓе во канцеларијата и многу работа. Потоа, бевме сведоци на сите свои можности, почнавме да ја надградуваме и да се прилагодуваме на локалните потреби и 2 години подоцна - имаме CiviCatalyst: едноставна алатка на нашиот сопствен јазик, која е дел од сите наши процеси денес.
Без оглед на нивната големина - дали се мали или големи - сите организации имаат големи и долгорочни придобивки од користењето на CRM и прецизно следење на интеракциите со сите вклучени - донаторите, корисниците, алумните, волонтерите, заедницата. Затоа 98% од непрофитните организации ширум светот велат дека користењето CRM софтвер значително ја подобрила нивната работа.
На крајот на краиштата, сезоната на празници е веројатно најдобро време да се подготви за спроведување на такво решение. Направете ја вашата новогодишна резолуција - дозволете вашата организација да влезе во 2018-та година подобро организирана и технолошки спремна.
CiviCatalyst во моментов е достапен за корисниците од Србија, но во 2018-та година ќе биде на услуга на непрофитни организации од Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Сè што е потребно за да се регистрирате е да ни испратите маил на beta@civicatalyst.org или да аплицирате за демо на нашиот сајт: civicatalyst.org. Ние ќе ве контактираме за кратко време, ќе отрвориме профил за вас и ќе ја подготвиме обуката.
Секогаш ќе имате наша поддршка и know-how за користење на CiviCatalyst и неговите карактеристики на најдобар начин.
Платформа за општо добро - Donacije.rs
Crowdfunding енормно се прошири низ целиот свет во последните неколку години.
Организации и поединци од Србија, исто така, организираа кампањи на платформи како Indiegogo и Kickstarter. Некои од нив беа исклучително успешни, како SEE ICT кои собраа повеќе од 100.000 USD за да ги лансираат Startit центрите низ цела Србија или Центарот за мајки, кои собраа 3.500 USD за објавување на правен водич за мајките.
Ако постои интерес од локалните непрофитни организации да користат платформи за да собираат средства, дали тоа значи дека има простор за развивање на локална платформа за финансирање на непрофитни проекти?
Во целиот регион, неколку такви платформи се започнати во последните неколку години. Неколкумина од нив преживеаја. Постојат повеќе причини за ова, а ние веруваме дека економската ситуација, која доведе до општ пад во донирањето во регионот е главната (повеќе за тоа во нашиот извештај).
Во 2014-та година во Србија, Фондот B92 ја започна платформата Donacije.rs. Веднаш по отворањето, Србија и регионот беа погодени од природна катастрофа. Платформата веднаш се фокусираше на обезбедување помош за луѓето погодени од поплавите и покажа колку корисна може да биде.
Преку веб страницата на Donacije.rs, помошта беше собрана многу побрзо отколку што беше можно на традиционален начин. Откако платформата ја оствари својата мисија во таква криза, нејзината работа беше запрена.
Ако беше толку корисно во овие итни околности, замислете што се добро што може да направи денес.
Апликацијата Giving Balkans покажува дека нивото на регистрирани донации значително се зголемило во споредба со минатата година. Ние веруваме дека локалниот crowdfunding заслужува нова шанса.
Затоа сме благодарни на Фонд B92 и на нашите донатори за можноста повторно да започнеме со Donacije.rs и да им овозможиме на непрофитните организации да соберат средства за реализација на нивните проекти на нов начин.
Ако сте организација која сака да води непрофитна кампања, можете да го направите тоа со едноставно пополнување на формуларот на нашата веб страница. Формата содржи основни информации за вашата организација, колку пари сакате да соберете и во кој период, заедно со приказната за вашиот проект. Откако вашата апликација ќе биде разгледана во рок од 48 часа, вашата кампања ќе биде јавно достапна, така што ќе можете да ја споделите преку социјалните медиуми.
Можете да започнете некој непрофитен проект што е дозволен со закон на една од следните теми:
- Поддршка на маргинализирани групи,
- Здравствена грижа,
- Развој на заедница,
- Јавна инфраструктура,
- Наука и образование,
- Култура и уметност,
- Спорт,
- Намалување на сиромаштија,
- Управување со итни случаи,
- Заштита на животни,
- Животна средина.
На крајот на успешната кампања, би сакале да ги објавиме резултатите од вашиот проект. Со тоа сакаме да ја направиме нашата работа потранспарентна и да им покажеме на сите донатори колку добро имаме остварено нивната поддршка.
И не грижете се - платформата Donacije.rs е дизајнирана на флексибилен модел на финансирање, така да добивате сè што ќе успеете да соберете, дури и ако не ја достигнете целта.
Што платформата Donacije.rs не е?
Donacije.rs не е платформа преку која можете да го соберете почетниот капитал за вашите комерцијални проекти. За започнување на стартап и нови производи, засега ќе треба да користите глобални платформи за crowdfunding.
Исто така, Donacije.rs не е платформа за собирање средства за медицински трошоци. Таа цел веќе е остварена со порталот на фондацијата Budi human и не сакаме да создадеме конфузија. Секако, добредојдени се здравствени проекти како што се добивање на опрема и реконструкција на клиника.
Donacije.rs ќе биде отворена на почетокот од 2018-та година и ќе можете да ги поддржите првите кампањи веднаш штом ќе се објават.
Заклучок
Иако непрофитниот сектор се соочува со затворена врата од една страна, на другата страна има море од неистражени можности. Наместо да се потпираме на мал број големи донатори од странство, треба да се свртиме кон локалната филантропија.
За да го сториме тоа, на крајот на краиштата, треба да се организираме и да го смениме начинот на кој работиме.
Компаниите, големи и мали, користат различни софтвери и онлајн платформи за долго време да ги развиваат своите бизниси. Истото го прават непрофитните организации од целиот свет. Не постои причина за непрофитните организации во регионот да го прескокнат ова.
За да ги користите овие алатки, не треба да имате ИТ луѓе во вашата организација. Користењето на нив е едноставно и можете брзо да го пронајдете најдобриот начин да ги користите, без оглед на тоа што е полето на работа на вашата организација.
Giving Balkans, CiviCatalyst и Donacije.rs имаат една цел - да ви помогне полесно да ја остварите мисијата. Да се овозможи вашата организација да продолжи да се развива во овие нови околности - да се направат подобри планови, да се изградат подобри односи и да се зголемат повеќе средства.
Кои алатки сте подготвени да ги користите во 2018-та година?
Leave a comment