Според нашето истражување, борбата против ефектите на коронавирусот е најмногу поддржана кауза во 2020-та година, како во Србија, така и во регионот.

Од 18-ти март до 4-ти декември, граѓаните и компаниите во Србија донираа 15,553,338 српски динари, односно 132,303 евра преку краудфандинг платформата Donacije.rs, управувана од Catalyst Balkans. Донациите беа наменети за поддршка на добротворни иницијативи покренати од разни организации, здруженија и граѓански групи со цел да им се обезбеди непосредна помош на ранливите и да се справат со ефектите од пандемијата КОВИД-19.

Заради овие донации и големата поддршка на заедницата за разни добри цели, беа зашиени вкупно 35.277 маски и дистрибуирани до здравствените работници во 149 институции низ 25 градови во Србија. Покрај тоа, обезбедена е медицинска и заштитна опрема во вредност од 4.942.701 српски динари во 10 градови, а беа дистрибуирани 2.921 пакет помош со храна и хигиенски производи.

Донациите собрани преку платформата Donacije.rs во претходните 9 месеци обезбедија помош за 2.863 лица и 106 семејства, вклучително и бездомници, културни работници кои ги изгубиле сите приходи, социјално ранливи граѓани, деца кои се подложени на медицински третман и друго. Поддршка беше пружена на над 210 улични животни и животни во засолништа, кои беа дополнително изложени на ризик за време на вонредната состојба.

Donacije.rs постои веќе 3 години, за чие време донаторите, граѓаните и компаниите донираа над 50 милиони српски динари за разни добротворни цели и развојни кампањи. Проверете го видеото за да видите неколку успешни приказни и цели постигнати како резултат на поддршката дадена од заедницата на Donacije.rs.

Џедајски покрет ја сподели својата успешна приказна и искуството во спроведувањето кампањи на Donacije.rs. Имено, тие за многу кратко време успеаја да соберат повеќе од 7.000 евра, поради што беа зашиени 15.000 заштитни маски и дистрибуирани до здравствените работници во јужна Србија. За нивната иницијатива, Џедајски покрет неодамна доби награда - Сребрен медал за заслуги на Република Србија.

Понатаму, ќе научите како Лице в Лице, со помош на заедницата, успеа да започне програма за поддршка на 10 жени кои доаѓаат од помалку вработливи групи и како ТВ Форум, прва телевизија на граѓанското општество во Србија и прва телевизија за жени на Балканот, успеаја да набават нова опрема за нивното студио, благодарение на кампањата на Donacije.rs.

Засолништето за животни „Риска“ исто така го сподели своето позитивно искуство за кампањата на Donacije.rs, бидејќи кампањата не само што им обезбеди средства потребни за да ја продолжат својата работа, туку и ги направи препознатливи и донесе дополнителна поддршка од заедницата. Покрај тоа, донаторската заедница му помогна на хорот „Јосиф Маринковиќ“ од Зрењанин и млади талентирани музичари да соберат пари за патување на престижниот музички натпревар во Фиренца, каде освоија две награди.

Примерите се многубројни и сите тие ја демонстрираат важноста на поддршката, солидарноста и единството за општествено добро.

Станете дел од заедницата Donacije.rs кога сакате, и донирајте во некои од тековните кампањи.

Една од кампањите што секој што сака може да ја поддржи е набавка на опрема и интернет за 274 деца од социјално и економски најранливите семејства низ Србија, за да се осигура дека тие деца можат непречено да ги следат онлајн часовите. Заради оваа кампања, децата од социјално и економски најранливите семејства ќе имаат можност да посетуваат онлајн настава од дома и нема да заостануваат зад своите соученици. Кампањата беше започната од Фондацијата СОС Детски села Србија, АДРА Србија и Музички уметнички проект, во соработка со Catalyst Balkans.

Понатаму, можете да ја поддржите кампањата спроведена од BELHospice, која има за цел да ги осигури луѓето кои страдаат од рак дека можат да добијат помош што им е потребна за време на кризата КОВИД-19, или можете да донирате за некои од епидемиските жаришта или за некои други социјални добри иницијативи.

Нашето видео ќе демонстрира како секоја донација носи позитивни промени во заедницата и колку добро можеме да сториме кога ќе ги здружиме силите за филантропија.

Придружете се на нашата голема заедница на филантропи и изберете кампања за онлајн донирање на Donacije.rs или испратете СМС на 7300. Цената на една СМС е 200 српски динари, без оглед на давателот на услуги на мобилна телефонија.