Минатата година беше одбележана со Ковид-19 кризата која го погоди целиот свет. Сепак, целиот регион забележа скок во донациите за ублажување на последиците од кризата. Кризата не само што предизвика зголемување на донациите, туку и поттикна солидарност меѓу луѓето, како што е забележано во сите земји од Западен Балкан.
Од почетокот на кризата до 31 мај 2021 година, обработивме податоци за 5.993 добротворни настани во Западен Балкан, во вкупна вредност од 71.803.845 евра.
Дониран износ
Во сите земји од Западен Балкан, корпоративниот сектор беше најголем донатор, освен во Албанија, каде граѓаните најмногу донираа. Тие компании и непрофитни организации несебично дојдоа да помогнат и демонстрираа солидарност во време кога на никој не му беше лесно. Корпоративниот сектор имаше најголема улога во набавката на потребната медицинска опрема, непрофитните организации беа оние кои најмногу излегоа на терен, додека граѓаните донираа и волонтираа за да им помогнат на своите соседи и заедници.
Користење на донации
Очекувано, најголемиот број донации поврзани со пандемијата беа насочени кон заштита на здравјето. Во сите земји од Западен Балкан, забележавме дека речиси половина од донациите беа наменети за купување производи за еднократна употреба како маски, ракавици и средства за дезинфекција - во некои земји како Косово и Северна Македонија дури над 60%, беа донации за набавка на медицинска опрема.
Приматели на донации
Во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија, најголем дел од донираната сума беше наменета за локалните и националните власти, додека институциите беа најголеми приматели во Хрватска и Босна и Херцеговина.
Би сакале да ве потсетиме дека можете да ги поддржите вашите заедници во борбата против Ковид-19 со донација преку Интернет на covid19.donacije.rs или со испраќање СМС на 7300.
Непрофитните организации од Србија кои имаат идеја како да им помогнат на најпогодените групи од пандемијата со Ковид-19 можат во секое време да ги започнат своите кампањи за групно финансирање на Donacije.rs.
Leave a comment