Веројатно веќе сте слушнале за #ДонирајКомпјутер иницијативата позната во Македонија, како и во регионот на Западен Балкан.
Во нашето ново интервју, запознајте го Борче Стаменов - основач и спроведувач на Донирај компјутер и дознајте повеќе за неговата работа и успехот на акцијата.
Како е основано вашето здружение/фондација/организација? Што се смени од почетокот до денес?
Борче: Донирај Компјутер е самоиницијативна акција основана некаде на крајот на 2016 година во Кавадарци. Започната како идеја да се подаруваат половни компјутери без намера да стане ова што е денес, иницијатива позната низ целата држава па и надвор од нејзините граници. Од самите почетоци па до сега нема прертпено некои измени. Начинот на работа и покрај тоа што цела иницијатива ја работам сам, нема потреба да се менува затоа што функционира беспрекорно добро.
Photo by: Krste Shupev
Која беше вашата мотивација да работите во граѓанскиот сектор?
Борче: Мотивот секогаш ќе ми биде да помогам онаму каде има потреба. Со моето знаење и време кое го имам на располагње сакам да бидам корисен за општеството со тоа што ќе придонесам за намалувањето на социјалната нееднаквост и сиромаштијата. Македонија е социјална држава со голем број на семејства кои живеат под нормалните стандарди. Токму оваа класа на граѓани е таргет на #ДонирајКомпјутер. Со прикажување на доказ за социјалната состојба, семејството добива комплетно функционален компјутер кој не мора да го враќа. Фидбекот кој акцијата го добива e доволна мотивација сама по себе.
Photo by: Krste Shupev
Како кризата КОВИД-19 влијаеше на работата на организацијата? Колку се смени начинот на работење? На кои активности бевте сконцентрирани периодов?
Борче: Ковид пандемијата и онлајн образованието нагло ја зголеми побарувачката на компјутери. Со тоа главен акцент се стави на активноста на барање нови извори за донации на компјутери, нивно средување и понатаму доставување до крајните корисници. За среќа, многу такви физички лица и компании се одзваа на повикот на #ДонирајКомпјутер. Се работеше буквално во “три смени” за да се покријат што е можно поголем број на семејства за пократко време. Начинот на работа остана ист. Искрена комуникација со сите без разлика дали тоа се баратели или даватели на донација. Донирај Компјутер, јас како основач и нејзин реализатор, ја делам во “сезони”. Секоја сезона трае 100 компјутера. За пример, првата сезона траеше 3 години. За разлика од првата нарединте 6 сезони траеа 1 година. Или со други зборови за помалку од 1 година успеав да соберам скоро 600 компјутери. Истите да ги проверам, средам, спакувам и испратам низ цела држава. До овој момент имаме донирано точно 667 компјутера низ цела држава и уште 40 се во припрема.
На кои активности сте најмногу фокусирани во овој момент?
Борче: Секогаш сум фокусиран на барање на нови донатори. Моментално преговарам со повеќе компании кои сакаат да се вклучат со свој придонес во нашата иницијатива. Исто така добивам и поддршка од ФФМ (Фудбаска федерација на Македонија) која во моите пакети сака да донира спортска опрема. Наша поголема софтверска компанија сака за тие дечиња да овозможи бесплатно изучување на некој програмски јазик или курс по нивна желба. Можностите само се прошируваат, а Донирај Комјутер расне во сериозно здружение кое има за цел да го подобри животот на сите граѓани.
Како се финансира вашата асоцијација/фондација/организација? Со кои типови на донатори соработувате најмногу и како? Како може некој да ја поддржи вашата работа?
Борче: Тоа е најинтерсниот дел од цела иницијатива. Во своето петгодишно постоење ДонирајКомпјутер нема потрошено ни заработено ниту еден денар. Се е во знакот на донациите. Мрежата на соработка која ја имам развиено не бара да се имаат никакви средства. Донациите кои пристигаат се проверуваат за исправност. Тоа што се користи се трга на страна и се користи за надоградба на следни донации. Отпадот кој останува преку компанија која се занимава со преземање на електронски отпад, прописно се одлага и уништува и со тоа мојата иницијатива е зелена и помага во заштитата на животната средина. Донациите кои ги праќам до крајните корисници бесплатно се испорачуваат со карго сервис за кој е одговорна компанијата Еко Логистик Сервис од Скопје. Дури и веб страната која ја користам е донација од Гимназијата Алгоритам кои ја изработија. Најголеми донатори се самите граѓани кои непрекинато испраќаат компјутери кои тие веќе не ги користат. Од поголемите компании со кои имам доста успешна соработка се Ендава, ОнеИнсјад, Алокејт Софрвер, Кипи, 3ХфХ, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Амбасада на Холандија, Клими.МК, Симфони солушнс, Триглав Македонија, Публикум инвест и многу други. Во тек е основање на граѓанско здружение Донирај Компјутер. На тој начин ќе созададам и тим кој ќе ги дели моите обврски. Тогаш ќе можам да ги проширам дејностите и нормално да побарам уште поголема поддршка.
Како вашата организација придонесува за развој на филантропијата во Македонија?
Борче: Донирај компјутер посебно во последнава година се рашири со огромна брзина. Моето мото е да се помогне секогаш кога се има можност. Преку моите профили на ФБ и твитер ја одржувам иницијативата 100% транспаретна. Се знае секој компјутер од каде дошол и каде завршил. Со тоа придонесувам за да се подигне свеста за филантропијата кај сите. И тоа е веќе видливо. Доказ е огромната поддршка која ја имам. Под истиот хаштаг веќе се појавија и други лица кои донираат компјутерска опрема без претходна консултација и тоа е за поздрав. Има и такви кои сами сакаат да ја средат опремата и да ја донираат со претходоно барање податоци од Донирај Компјутер каде во секое време има листа на пријавени семејства кои чекаат компјутер. Можам слободно да кажам дека мојата иницијатива придонесе дополнително да се разбуди филантропијата во Македонија.
Photo by: Krste Shupev
Дали соработувате со други граѓански организации? Можете ли да ми кажете повеќе за тоа?
Борче: Имам доста соработки со многу здруженија и организации од државава. Веќе сите знаат каде може да се најдат компјутери за оние кои не можат да си дозволат да купат нов компјутер. Во Скопје соработувам со Проект среќа и Љубезност – вистински дела на љубезност. Заедно имаме остварено околу 70 донации во социјално загрозени семејства. Со WaysToHelp исто така имам соработивано неколку пати. Со Терно Вас имам остварено околу 30 донации. Со здружението Умиление од Виница околу 15 донации. Со хуманитарецот Димче Каневче од Охрид кој ми обезбедува податоци за социјално загрозени семејства од охридското продрачје имаме обезбедено околу 30-40 донации. Од голема помош ми е и Здружението на граѓани – Зона од Кавадарци преку кое добивам донации од компании на кои им треба официјален документ како потврда за нивната донација. Ротаракт Клуб Скопје донираше повеќе од 40 компјутери. И листата секојдневно се проширува и ќе расте.
Photo by: Krste Shupev
Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате?
Борче: Сите предизвици кои си ги поставив пред мене ги завршив. Следен ми е оној каде ниту едно дете нема да го оставиме без компјутер. Сакам секое од нив да има алатка за подобро образование и да биде еднакво со врсниците. Можеби е голем залак, но и јас имам јака вилица.
Што сметате дека е вашиот најголем успех и што е следно?
Борче: Најголем успех ми е тоа што од ништо направив нешто. Следно е да направам нешто уште поголемо со кое ќе се гордее цела Македонија.
Leave a comment