Од почетокот на кризата КОВИД-19 до 30-ти ноември 2020-та година, во Србија беа донирани вкупно 20,056,752 евра за ублажување на негативните ефекти на КОВИД-19, според истражувањето за донации на Catalyst Balkans.

Деловниот сектор даде најголем придонес, сочинувајќи 64% од вкупната донирана сума. Најголемите донатори кои донираа над еден милион евра беа Фондацијата Новак Џоковиќ и ХИП-Петрохемија АД, проследено со Јунајтед Груп ДОО со донација од 900.000 евра.

Фондација Новак Џоковиќ

1.065.799,97

ХИП-Петрохемија АД

1.003.944

Јунајтед Груп ДОО Белград

902.262

Здружение на производители на иновативни лекови ИНОВИА

600.000

МК Груп ДОО Белград

489.222,01

Моцарт ДОО Белград

438.921,59

Галеника АД Белград

400.000

Филип Морис Операции АД Ниш

400.000

Српска медицинска комора

395.436

Хенкел Србија ДОО Белград

384.999

10 најголеми донатори во Србија за време на кризата КОВИД-19

Државата, претежно локалните и националните власти и институциите добија околу 80% од вкупната донирана сума. Повеќето донации, над 47% беа искористени за набавка на медицинска опрема. Околу 39% беа насочени за набавка на предмети за еднократна употреба, како што се маски и ракавици, 5,3% за хуманитарна помош и 7,5% за сите други потреби.

Борбата против КОВИД-19 е далеку од завршена, и сè уште е потребна поддршка. Еден од начините на кој граѓаните и компаниите можат да ги поддржат своите заедници е да донираат на Donacije.rs, краудфандинг платформа, сопственост на Catalyst Balkans. Со донирање за една од моментално активните кампањи, можете да ги поддржите најранливите - деца од социјално и економски загрозени семејства, социјално загрозени лица со попреченост, пациенти со рак, медицински персонал и пациенти со КОВИД-19 кои живеат во жаришта.

Врз основа на наодите од истражувањето на Catalyst Balkans, филантропската активност во Западен Балкан во најголем дел беше насочен кон олеснување на последиците од КОВИД-19. Од почетокот на кризата до 30-ти ноември беа донирани над 65,5 милиони евра за борба против КОВИД-19, додека сите други теми собраа нешто повеќе од 37 милиони евра вкупно.

Ова истражување за филантропија и донирање на Западен Балкан беше спроведено од Catalyst Balkans како дел од проектот Framework for giving, имплементиран од Коалиција за доброчинство a финансиран од УСАИД.

Коалицијата за доброчинство, преку разни активности, вклучително и Националниот ден на донирање, се залага за развој на филантропија во Србија, промовирање на културата на донирање, создавање меѓусекторски партнерства, зајакнување на филантропската инфраструктура и подобрување на законската рамка за поттикнување на транспарентно донирање од страна на физички и правни лица.

Коалицијата е предводена од Фондацијата Ана и Владе Дивац. Други членови на коалицијата се Фондацијата Траг, СМАРТ Колектив, Форумот за филантропија на Србија, Одговорен деловен форум, Српската трговско-индустриска комора и Catalyst Balkans.

Поддршката за следење на филантропијата поврзана со КОВИД-19 кризата беше дадена преку грант од BalkanTrust for Democracy.