Severna Makedonija donira 2021 | Giving Balkans

Severna Makedonija donira 2021

Северна Македонија донира 2021: Извештај за состојбата на филантропијата

Divider text here
Дознајте сè за филантропијата во Северна Македонија во текот на 2021 година и како граѓаните, организациите и компаниите го поддржаа општото добро.

2,522,388 ЕУР

Евидентиран износ

546

Број на примероци

1.2 ЕУР

Дониран износ по глава на жител

Во текот на претходната година, Catalyst Balkans забележа донации во вредност од околу 2,520,000 евра во Северна Македонија, собрани преку 546 примероци на донации. Донираната сума по глава на жител изнесува 1.2 евра.
За да дознаете колку, на кого и за какви цели е донирано во претходната година и колку се промени нивото на филантропска активност во однос на претходната година, погледнете ги нашите податоци за донирањето.

Евидентиран износ на донации 2015 – 2021


Споредено со претходната година, има намалување на зачестеноста и интензитетот на донирање. Сепак, евидентираната донирана сума е поголема отколку во годините пред пандемијата.


За кои цели донира Северна Македонија?


Што се однесува до темите на донирање, најчесто поддржувана тема остана помошта за КОВИД-19. Слична фреквенција на донирање е забележана и за поддршка на маргинализираните групи, вклучувајќи лица со попреченост, деца без родителска грижа, самохрани родители, стари лица, малцинства и други.

Податоци од претходни години


Кои се донаторите во Северна Македонија?


Корпоративниот сектор беа главните донатори и според зачестеноста и по интензитетот на донирањето. Поединци и граѓани кои може да се идентификуваат преку масовно-индивидуално дарување учествувале во околу четвртина од сите случаи на донации, што е нешто помал процент во споредба со 2020 година.

Податоци од претходни години


На кој донира Северна Македонија?


Институциите и локалните/национални власти беа главните канали за донирање. Донациите насочени кон државата беа главно за здравствени цели, додека непрофитните организации останаа примарни приматели на поддршката за маргинализираните групи.

Податоци од претходни години


Победници во филантропијата - акции кои ја одбележаа годината зад нас

  • Image description
  • Image description
  • Image description
  • Image description
  • Image description
  • Image description
  • Image description
Ова се само дел од главните наоди на годишниот извештај „Донаторска Северна Македонија“. Доколку сакате да дознаете повеќе за состојбата на филантропијата, преземете го целиот извештај на линкот подолу.
Дознајте сè за филантропијата и донациите во Северна Македонија од 2021 година.
Сакате да бидете во тек со најновите вести и истражувања за филантропијата? Време е да се регистрирате за нашиот неделен билтен.
ДА, КАДЕ МОЖАМ ДА АПЛИЦИРАМ?
Истражување Донаторска Северна Македонија 2021: Извештај за состојбата на филантропијата и оваа публикација е дизајнирана од Фондација Каталист (Catalyst Balkans) со дарежлива поддршка на Фондацијата C. S. Mott и Фондот на браќата Рокфелер. Ставовите изразени во оваа публикација не мора да ги одразуваат ставовите на Фондацијата C. S. Mott и Фондот на браќата Рокфелер и нивните партнери.